Саша Поповиќ е среќен затоа што уште една сезона на “Ѕвездите на Гранд” е успешно завршена. Тринаесеттиот циклус по ред ги надмина сите претходни – тоа беше најгледаното шоу досега.
![](https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2019/06/Screenshot_16-4.jpg)
„Размислував како ќе помине оваа година, но ова менторство се покажа како успешно и рејтингот покажа дека оваа сезона е најинтересна и најгледана. Во претходните сезони, кај жирито беше најинтересна караницата. Овој пат тоа не беше така, туку добрите и конструктивни дискусии“ – вели првиот човек на Гранд и продолжува:
![](https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2019/06/Screenshot_18-4.jpg)
„Mарија Шерифовиќ најпрвин рече таа ќе размисли дали и следната сезона ќе биде член на жирито, зошто и напорноо, но размисли и… Останува! Во петтиот или шестиот круг, се согласивме дека сите треба да останат. Нема причина да го напуштаат жирито.
![](https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2019/06/Screenshot_17-2.jpg)
Гледате дека некои бивши членови на жирито, кои претходно биле во него, повеќе не се толку популарни и присутни во јавноста? Тие и самите го знаат тоа“ – тврди Поповиќ, па отворено открива на кого мисли:
![](https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2019/06/Screenshot_22-12.jpg)
Своевремено, така, беше со починатиот Шабан Шаулиќ. Додека беше во “Ѕвездите на Гранд”, тоа беше една приказна, но, кога отиде на оноа, другото натпреварување, тоа веќе не беше тоа. Истото се случи и со Зорица Брунцлик. Сетете се и на Аца Лукас. Многу го сакам, тој беше мојот омилен член, но сам одлучи да не биде повеќе со нас и мислам дека згреши“ – заклучува Саша Поповиќ.