Саша Поповиќ го прокоментира изборот за песна на „Евровизија“ во Србија, како и победничката песна „In corpora sano“.
-Јас го гледав првото полуфинале и кога почна песната, стихот „која ли е тајна здраве косе Меган Маркл“, го сменив каналот, малку ја гледав таа, малку друга програма. И кога дојде потсетникот за гласање, јас таа песна ја прифатив како навивачка. Во првото полуфинале пратив 20 порака за Зорја, таа е пејач на „Гранд“. Во финалето гласав за 18, Констракта. Бидејќи ја сфатив и песната и ми се допаѓа, имате „нормални“ песни и малку „поместени“. По првото полуфинале ми се јави Марија Шерифовиќ и ми кажа: „оваа ќе победи“, изјави Поповиќ.
Саша ги прокоментира тврдењата на Аца Лукас дека Евровизија е „наместена“.
=Јас работев 300 гласања, неверојатно е дека стигнаа толку многу гласа за 15 минути. 144 000 гласа вкупно во финалето на Беовизија. Секако дека е можно. Во „Ѕвездите на Гранд“ во првиот круг на гласање за 1 час добиваме 200 000 гласа, а се гласа од Босна и Херцеговина, Македонија. Кога видов дека не ми стигна повратната порака – „Ви благодарам што гласавте“, знаев дека има многу гласови и дека системот не може да реагира на време. Ако некој за 15 минути добие 144 000 гласа само до Србија, тоа е доказ дека му се допаѓа на народот. Лукас дигна прашина, и да не беа конфернциите за медиумите, да не ја обвинеше Оливера Ковачевиќ дека земала 30 000 евра за победа на Сара Јо, секако дека со своите изјави го зголеми интересот за фестивалот. Нема шанси да биде наместено. Приходот оди во хуманитарни цели, ќе останат од 8 000 до 10 000 евра за хуманитарни цели. Еве јас ќе уплатам уште толку во добротворни цели доколку се докаже дека гласовите се наместени. Се тоа се гледа, нема збор дека нешто е наместено, ако некој има доказ, нека докаже, вели Поповиќ.
Тој потенцираше дека му се допаѓа и песната на Аца Лукас и на Сара Јо.
фото: принтскрин/јутуб