Пејачката Ана Николиќ изминативе неколку години е во центарот на вниманието поради скандалозното однесување, кавгите со колегите и соработниците, јавното препукување со поранешните љубовници, а неодамна и поради новото момче кое дури и го вработила кај неа.
Саша Поповиќ гостуваше во една емисија во која зборуваше за бројните соработки со големи имиња на музичката сцена, но откри и како ја исфрлил Ана Николиќ од студиото.
„Ќе ви кажам една анегдота. Беше 2000 или 2001 година, не знам точно кога го отворивме ‘Гранд’ и направивме десет албуми одеднаш. Тоа беше неверојатно. Доаѓам и на состанокот што го имавме со Стоја, таа беше можеби и најпродаваниот пејач што се однесува до ЦД-ата и касетите тогаш“, се присети Поповиќ во емисијата „Шоуто продолжува“ и додаде:
„Влегувам внатре и гледам дека Рале работи со пејачка што никогаш не сум ја видел. Му велам: „Рале, ајде да работиме, дали си ти луд, кој е сега оваа пејачка овде?“ му велам: „Таа излегува од кабината, а јас и велам: „Која си ти, по ѓаволите?! Ајде, надвор, излегувај од студио“, раскажува Поповиќ и додадва дека Ана Николиќ тогаш му рекла дека наскоро ќе се прослави….
„И навистина по една годинаја поканив на Гранд шоу и таа доаѓа и ме потсетува на тоа оти ми кажа дека ќе биде популарна“, се присети Поповиќ.
Фото: Инстаграм/sasapopovicofficial/ananikolicofficial