Радио Милева се' за шоу

Саша Поповиќ среде снимање ја испрати Цеца дома, а таа не чекаше многу и веднаш си замина (видео)

Саша Поповиќ среде снимање ја испрати Цеца дома, а таа не чекаше многу и веднаш си замина (видео)

Саша Поповиќ и Цеца Ражнатовиќ жестоко се скараа во емисијата „Ѕвездите на Гранд“, па тој на шега ја испрати Цеца дома, по што таа веднаш го напушти студиото.

Имено во емисијата се уште е турбулентно кога се во прашање членовите на жирито и нивните ставови околу кандидатите.

Прво Вики Миљковиќ му забележа на Саша Поповиќ бидејќи тој не и дава доволно време како би го изнела својот коментар.

-Мене воопшто не ми се доволни 30 секунди, веднаш да ти кажам. Таман ќе почнам да зборам, ти го притискаш тастерот, вели Вики, а потоа Поповиќ ја праша што точно сака да каже.

Веднаш потоа се случи и несекојдневна ситуација помеѓу Поповиќ и Ражнатовиќ, а сето тоа поради кандидат за кои Цеца имала критика, а меѓу другото и за неговиот стајлинг – поточно премалото сако на него.

-Добро Светлана можеш да станеш и да му го извлечеш сакото, изјавил Поповиќ, не мислејќи дека таа навистина ќе стане и ќе го направи тоа.

„Мислиш дека нема?“, стана Цеца и тргна на пат кон сцената, потоа Саша добронамерно и порача да не се нервира околу кандидатите и гласањето.

-Иди дома, како ти се вика оној сладок?, продолжил Поповиќ, а пејачката бурно изреагира.

-Довидување, никаков проблем, одам јас, рече Цеца и си ги собра работите и го напушти студиото, а Саша ја молеше да се врати.

фото:принтскрин Јутјуб/Гранд

To top