Радио Милева
Засипнат, малаксан, успорен...

Саша Ковачевиќ утринава заврши на ВМА: Пејачот се соочува со сериозни здравствени проблеми, кариерата му е под знак прашање? (ФОТО)

Саша Ковачевиќ утринава заврши на ВМА: Пејачот се соочува со сериозни здравствени проблеми, кариерата му е под знак прашање? (ФОТО)

Саша Ковачевиќ се обидува да го надмине здравствениот проблем што го мачи со месеци, во што лекарите од Воено-Медицинската Академија му помагаат.

Саша има проблем со дишењето и алергиите, поради што имаше и операција пред неколку години. Тој ја посети ВМА во текот на вчерашниот ден, каде што беше под лекарски надзор, со цел да го совлада проблемот со капки и лекови кои ќе му помогнат да се чувствува добро или барем да се чувствува подобро за време на празниците и настапите кои ги има.

„Во раните утрински часови, Саша дојде во болница со брат му Раде. Веднаш беше примен, бидејќи брзаше во Бања Лука, каде што учествуваше на донаторската ноќ  на Милорад Додик. Бидејќи требаше да пее на плоштадот, важно беше  неговиот респираторен тракт да не откаже. Со оглед на тоа што празниците се пред нас, Саша мораше да добие доза на капки, терапија што ќе му овозможи полесно да диши. Иако брзаше, се согласи медицинските сестри  да се фотографираат со него“ – изјавил извор близок до медицинскиот персонал кој се грижи за здравјето на Саша.

И пејачот ги потврдил овие тврдења, велејќи дека тој се бори со проблемот на сите начини.

„Се обидов сè што можев да се обидам, од хомеопатијата до квантната медицина. Не знам веќе што се не се обидов, но за жал, сè уште не најдов решение. Во моментов сум на терапија која релативно ми помага. Станува збор за капки што ми ги пропишаа луѓе кои се специјалисти во оваа гранка на медицината. Почнав со ова и веќе ги чувствувам промените, но далеку од тоа дека проблемот е решен!  Речиси шест до седум месеци годишно зборувам засипнато, целиот сим малаксан и успорен“ – се пожалил Ковачевиќ.

Останати вести од Радио Милева