Радио Милева
скандал или афера?

Саша Ковачевиќ уапсен на аеродром во Њујорк! (ФОТО)

Саша Ковачевиќ уапсен на аеродром во Њујорк!  (ФОТО)

Саша Ковачевиќ требаше да патува во Доминиканската Република заедно со неговиот брат Раде и остатокот од екипата заради снимање на новиот спот, но пејачот не стигна на одредената дестинација.


Имено, Саша и не претпоставувал каква непријатност ќе му се случи, зашто штом слетал на аеродромот во Њујорк, Ковачевиќ веднаш го привела полиција!


„Се случи некаква забуна на аеродромот во Њујорк! Полицијата го приведе, го тргнаа од листата на патници на неговиот редовен лет и го однесоа во специјална просторија каде го чуваа неколку часа, непосредно пред да полетаме за Доминиканска Република, поа нашиот лет пропадна“ – изјавил извор за српски „Свет“, а веста ја пренесоа сите српски и регионални  медиуми. Изворот додал дека пејачот веднаш прашал што не е во ред?


„Одговорот беше дека тоа е дел од рутинска проверка и дека мерките за претпазливост се засилени. Наскоро, полицијата му ги врати неговите документи, му рече дека сè е в ред и дека може да го продолжи патувањето, без било какво дополнително образложение зошто беше ставен на листата на сомнителни“ – го завршува својот исказ изворот.

Останува Ковачевиќ да објасни  дали ова навистина реално се случило или сето е само исценирано и режирано сценарио за видеото на новата песна „Афера“, која наскоро треба да ја доживее својата премиера?!

Останати вести од Радио Милева