Балканската музичка ѕвезда Саша Ковачевиќ како и своите српски колеги има правило од кое не отстапува. Имено, како и останатите пејачи од соседството, кога имаат концерт во Македонија, неколку недели порано доаѓаат во Скопје во медиумски поход.
Така и Саша! Посетата пред концертот на 6-ти април му беше исполнета со многу интервјуа и гостувања во емисии.
На агендата не изостана ниту „Еден на еден“ кај Жарко Димитриоски, каде Ковачевиќ зборуваше на разни теми, од приватни, до професионални и такви за бизнис.
Жаре како добар домаќин имаше многу што да го распраша пејачот, кој пак не се штедеше на одговори, а публиката во студиото најмногу му ракоплескаше кога кажа колку многу ја сака ќерката на неговата сегашна девојка.
Меѓудругото Жаре побара помош од Саша, која веројатно моногумина момци не би ја сакале.
Имено, водителот извади две кутии за накит и побара помош од Саша да одлучи или избере кое парче накит да биде за девојката, а кое за неговата братучетка матурантка.
Саша му помогна со изборот, па му препорача нежното ѓерданче да биде за саканата на Жаре, додека алката за рака како подарок за братучетката.
Жаре се покажа како самоуверен џентлмен, а и ништо помалку ниту Саша.
Инаку, Жаре неколку години е во врска со убавата Марија со која не често се појавуваат заедно и на јавни настани.
https://www.youtube.com/watch?v=N8zC6wZ-tOg