Пејачката Милица Тодоровиќ во 2009 година ја раскина врската со Раде Ковачевиќ, братот на нејзиниот колега Саша Ковачевиќ.
Тие беа во врска четири години, а по раскинувањето останаа во добри односи.
Иако ставија крај на нивната љубов, и понатаму се пишува за некогашната двојка, а сега за нив проговори и Саша Ковачевиќ.
На прашањето дали сака Милица да му биде девојка, тој одговори:
-Тоа некако е завршена приказна…Стара приказна меѓу неа и мојот брат, така да не сакам да навлегувам во тоа.
Инаку, неодамна Милица се најде во друштво на Раде, а кога пејачката го виде не остана рамнодушна. На снимката се гледа како Милица му се приближува на Раде и му вели:
-Па, каде си Раде?
Тодоровиќ во една прилика зборуваше за своите бивши, па истакна дека со нејзините потенцијални свекрви секогаш била во добри односи.
фото: Дамир Дервишагиќ/принтскрин/инстаграм