Радио Милева се враќа на сцената

Саша Ковачевиќ се огласи откако излезе од болница: Пејачот е видно ослабен со побелена коса и брада откако помина еден месец на лекување (ВИДЕО)

Саша Ковачевиќ се огласи откако излезе од болница: Пејачот е видно ослабен со побелена коса и брада откако помина еден месец на лекување (ВИДЕО)

Поп-пејачот Саша Ковачевиќ изминатиов месец имаше здравствени проблеми поради кои се повлече од јавноста.

Во Ургентниот центар бил примен на 20 мај, откако почувствувал слабост.

Саша изгледал лошо. Лекарите веднаш му го отвориле лекарско досие и го испратиле на испитување. Направени му биле детални анализи, но крвната слика не му била добра, а информацијата дека на пејачот не му е добро ја потврдија и од неговиот ПР тим.

Подоцна Ковачевиќ е пуштен од болница на домашно лекување.

„Саша повеќе не е во болница. Тој отиде дома со совет од лекар. Тој е фино и културно момче, сите имаат само пофални зборови, а и самиот призна дека не се грижи доволно за себе. Веруваме дека се ќе биде во најдобар ред и дека на прво место ќе се стави себеси“ – изјави тогаш близок пријател за српски Курир.

По еден месец напорна борба за да го доведе здравјето во ред, се огласи и самиот пејач, кој им се заблагодари на сите лекари и поддржувачи за грижата, најавувајќи дека летово повторно ќе биде концертно активен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sasa Kovacevic (@sashakovacevic)

Фото: Инстаграм принтскрин/sashakovacevic

To top