Радио Милева последица на созревањето

Саша Капор го смени имиџот но и приоритетите во животот: „Семејството и верата во бог се вистинската љубов“ (фото)

Саша Капор го смени имиџот но и приоритетите во животот: „Семејството и верата во бог се вистинската љубов“ (фото)

Саша Капор се прослави во „Ѕвезда Гранда“, а неговиот брак со колешката Николина Ковач со години го привлекува вниманието на јавноста. Многумина би дале се за да бидат познати и славни, а Саша истакнува дека неговите приоритети се промениле, а сега единствено што му е важно е квалитетот на животот.

Во денешно време е привилегија да не се биде во медиумите, а кога си, тоа треба да биде со причина. Мене ми пречи што се може да се купи, луѓе, прегледи, лајкови на Инстаграм, бидејќи сето тоа на крајот не е мерило за успех. Сега важен ми е само мојот живот и неговиот квалитет – вели Саша.

Капор од неодамна има нов имиџ – долга коса и брада, а како што вели тоа е последица на созревањето.

– Созреав и стигнав до моментот кога сфатив што ме радува. Работам според приоритетот на работите и никогаш не сум се  чувствувл подобро. Моето семејство е мојата тврдина и база. Ми одговара да се развивам и духовно да се надградувам. Тоа го правам со читање книги со религиозна содржина, одење во црква и манастири, постење, тоа е нешто што ми ја храни душата, мозокот и телото – вели пејачот.

Неговиот брак со Николина често е јавна тема но, често можете да прочитате и наслови дека тие се разведуваат.

– Јас и Николина буквално сме „разведени“ откако почнавме да се забавуваме. Се разбира, тука ништо не е совршено. Убавината на нашата врска е во тоа што се надополнуваме. Ние сме различни, но имаме иста цел и суштина – објасни Капор во една емисија. 

Фото: принтскрин/Инстгарам/Саша Капор/С. Зиндовиќ

To top