8-ми Март за пејачката и харфистка Сара Костадиновска попозната како Сара Мејс веќе е испланиран, а таа е подготвена да добие одлична забава вклучувајќи ја и нејзината посилна половина.
Имено, таа посака за денот на жената да оди на летечко возење на(д) вода со флајборд (Flyboard), но, за да се согласи и сопругот со нејзината брилијантна идеја, таа му предложи заедно со него да си направат таков мерак.
„Ова сакам за 8 – ми Март ама со тебе“ – напиша таа на кратката приказна на социјалната мрежа „Инстаграм“, со нетрпение исчекувајќи го одговорот на саканиот.
Секако, нејзиниот сопруг водителот и маркетинг менаџер Димитар Атанасовски го изгледал во целост видеото на кое беше тагнат .
Но, некако не е баше заинтересиран за предлогот од сопругата, туку тој има друг позабавен.
„Ако сакаш може така у двор кај нас на усисивачот ќе се качиме“ – и одговори тој на бестрашната лавица како што ја нарекува тој поставувајќи на крајот емотикон со кренати раце кои што означуваа дека „тоа е тоа – друго нема“.
Инстаграм приказните на познатата двојка често се наполнети со забавен и комичен карактер, а секогаш покрај видеото тие за фановите плетат и приказна за да биде уште позабавно и поинтересно, а така беше и овој пат.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Сара Маче/Димитар Атанасовски