Додека целиот свет се бори со коронавирусот или Ковид19 кој последните неколку недели не затвори дома, пејачката Сара Мејс се соочи со уште еден предизвик.
Имено, како што истакна на социјалните мрежи, нејзиното куче Атос се изгубило и веќе го нема една недела.
„Дечки Атос е изгубен. Ако некој има било какво инфо. Ве молам да ме контактирате“ напиша таа прво на „Инстаграм“.

Пејачката на својот „Фејсбук“ исто така ги сподели последните моменти поминати со нивното куче и апелираше да се јават доколку го видат.
„Последните евидентирани братско-сестрински односи. Атос го нема недела дела. Време и место на последното шетање – Пинтија, понеделник вечер….
Ако некој има било какво инфо, Ве молам да ме контактирате….“ напиша пејачката.

Инаку, Атос како дел од семејството на Сара и Димитар. Се надеваме дека Атос набргу ќе се врати кај сопственичката и повторно ќе уживаат во дружбите.