Додека повеќето се пофалија со тоа како им поминал Денот на вљубените или Денот на виното, пејачката и хрфистка Сара Мејс имаше сосема поинаков фокус, додуша посветеноста и беше на љубов, но кон себе.
Велат дека за да ги сакаш другите, најпрвин треба да се сакаш самиот себе. Сара во тоа отсекогаш се стремела, но посебно кога се подновува и прави промени од кои вели дека се заљубува самата во себе во поглед на изгледот, а тогаш среќата кај неа е евидентна.
Имено, Сара се реши да ја поднови фризурата и да се препушти на рацете на стилистите, а тие направија магија од која таа беше и повеќе од задоволна, па мораше да се пофали со резултатот.
-Среќета е евидентна, кој што сака нека каже, ама нема поубаво од тоа да се чувствуваш убаво во своја кожа. Со фризурава веќе на раат ќе си го растам „хаиркатот“ (потстрижаното) без да ми е назгодно да излезам од дома. Изминатите недели се чувствував малку неудобно, да бидам искрена, а ова ми го направи денот, напиша таа.
Сара отсекогаш била храбра во поглед на имиџот, особено фрузурата, така што избричениот дел кој беше необичен и уникатен, сега е решен и не и создава недоверба кога подраснува.
Резутатот според пејачката е одличен, дури и повеќе од што можела да претпостави.
Како ви се допаѓа подновената Сара?
фото:Instagram printscreen/ sarahmace__