Загаденоста во Скопје е толкава, што секој кој има и најмала можност, ја користи да излезе од градот, макар и на неколку часа. Особено ако е викенд, а времето убаво како од бајка. Уште при тоа ако имаш и мало бебе, а и куче за шетање… Тогаш нема ниту една добра причина што би те здржала дома меѓу четири ѕида.
Затоа, македонската харфистка и пејачка Сара Мејс и нејзиниот сопруг, водителот Димитар Атанасовски, заедно со уште една млада брачна двојка нивни пријатели и млади родители, решија да бидат родители за пример, па заминаа во природа.
Детските колички пред себе, дечињата во нив и паравец во природа на еколошка прошетка. Е сега, бидејќи на прошетка не се оди со автомобил, пешачењето и чистиот воздух се оние нешта заради кое си дојден. Арно ама, како секои млади родители каде и да одиш обврските околу подмалдокот не ти бегаат, зашто некој мора да се грижи и за него. А популарната македонска брачна двојка и нивните пријатели тоа го покажаа на дело. Да се даде пример, како е да се биде родител за пример!
Само што „примерот“ некој го одработи и изврши, а некој… Само го овековечи за спомен… И пофалба како има посилна половина за пример.
Па така, Димитар и пријателот ја имаа „носечката улога“ или во случајов, „туркачката“, кога се во прашање количките и дечињата, кои на прошетката во природа на чистиот воздух, веднаш слатко си заспаа. Затоа и тие беа дечиња за пример!
А мајките? И тие беа за пример… И тоа ептен за пример!
Со сите четири во вис! Ама, кој како ќе си ја нареди.
Впрочем, така е кога посилната половина ти е „за пример“! А како му е на „примерот“…? Само тој со знае!