Радио Милева

Сара Мејс има уникатна елка во домот, но еден детаљ за неа е посебен (фото)

Сара Мејс има уникатна елка во домот, но еден детаљ за неа е посебен (фото)

Како и повеќето јавни личности, така и пејачката Сара Мејс се пофали со новогодишната елка и декорацијата во својот дом.

Секој по свој вкус има замисла за тоа како треба да изгледа дрвцето кое носи радост во домот, а според приложеното на социјалните мрежи, Сара има нешто поинкава идеја за украсување во поглед на деталите на елката.

Покрај лампионите, вредната тазе мама ја украсила елката со малечки јаболчиња кои доминираат и изгледаат неодоливо.

Освен оваа необична декорација, на елката се најде и лампион со името на ќеркичката Илина, што секако е најспецијалниот за мама и тато.

Сара ова не одолеа да не го покаже на своите фанови и следбеници, како и да се заблагодари на оној што го изработи уникатниот лампион.

фото:инсатграм

To top