Позната брачна двојка Сара Мејс и Димитар Атанасовски се дел од најновата кампања на познат бренд за кој неодамна позираа по пижами, а овој пат во долна облека.
Сара секако е во повпечатливо издание со сиот свој раскош и сексапил, додека Димитар посилната половина без кој оваа секси кампања не би била целосна.
Провокативните фотографии на кои Сара е легната на креветот во долна облека, а Димитар до неа по боксерки, привлекоа доста внимание кај јавноста.
Сара во објавата на својот профил за фотографиите алудираше на нејзниното тело бидејќи од неодамна е мајка по вторпат.
-Пред да имам деца, никогаш не бев целосно задоволна со својот изглед, секогаш си мислев дека можам уште подобро да изгледам ако помалку јадам, ако повеќе вежбам и слично. Сега, после две деца си го обожавам телото. Го сметам за божество. Само женското тело може да биде толку величествено. Божествен храм кој на свет може да донесе чудо…. Моето ми донесе две најголеми чуда и среќи и ми ја откри поентата на постоењето. Го сакам. И воопшто не се срамам од него. Со гордост прифатив да бидам дел од кампањата на @yamamay.macedonia и да се облечам во хипнотизирачки сензуалната #prive колекција, пишува во објавата.
Овој доста храбар чекор на сопружниците наиде на позитивни реакции, особено за Сара која се разголи повеќе и за првпат ја видовме во вака провокативно и жешко издание.
Дека го сака и е задоволна од своето тело покажува тоа што пред се прифатила да се фотографира вака на само неколку месеци по породувањето, а исто така и тоа што зрачи од женственост, сензуалност и сексапил на секоја од фотографиите.
фото:Фејсбук Сара Мејс/Мартин Трајановски