Македонската пејачка Сара Мејс неодамна во интервју за „Жешко столче“ откри нејзиниот брак со Димитар Атанасовски бил во криза.
Имено, како што истакна таа, тоа се случило по раѓањето на нивната ќерка Илина.
За среќа, изгледа дека парот ги реши сите несогласувања и секој момент го користат да го поминат заедно.
Така изминатиот продолжен и празничен викенд го помина во природа, во Лупиште.
Уживајќи во природата, заедничките моменти, убавото време и празничното расположение, Сара и Димитар овој момент го обележаа со една заедничка фотографија.
Имено, Сара и Димитар позираа со нивната ќерка Илина, но и со нивното куче Атос кој е како член на нивното семејство .
„Само ние четворица“, напиша Сара покрај фотографијата.
Меѓутоа, под објавата следеше коментар од Марија од „Ај Кју“
„Кога ќе ве видиме само петорица? Хахаахах“ алудирајќи на тоа дека им е време за второ дете, а Мејс не чекаше долго да одговори: „Откога ќе ве видиме “само вас тројца“, напиша пејачката мислејќи на Марија и Бојан од „Ај Кју“ кои се во љубовна врска, а неодамна се иселија во Лондон.
Инаку, Илина, ќерката на Сара и Димитар во септември оваа година ќе наполни четири години.