Пејачката Сара Мејс денвовиве ја најави соработката со Александар Ристески – Принц, насловена „Копито“, која е дел од проектот Femme Fatale.
Песната е комплетно авторско дело на Принц, а вокалот на Сара Мејс е миксан согласно потребите за Femme Fatale.
„Ова за мене беше ново преубаво искуство, можност да пробам нешто поразлично во музиката, еден различен стил, кој се надевам дека ќе ѝ се допадне на публиката. Инаку од секогаш сум ја почитувала работата на Принц и неговата музика и затоа веднаш ја прифатив соработката во овој проект, кој има специфичен звук.“ – изјави Сара Мејс.
По објавениот тизер, таа работи на финализирање на спотот, каде на снимањето присуствуваше и нејзиниот сопруг Димитар Атанасовски кој не го заобиколија да даде изјва пред камерата на 1ТВ.
Диме зборуваше за песната, но и за тоа каква е Сара. Прилогот го објави и Сара на својот Фејсбук, а потоа се разви неочекувана конверзација, која заврши со многу смеа за оние кои читаа.
Имено, Диме и Сара „откачија“ во позитивна смисла, па во коментарите под објавата си пишаа баш што им падна прво на ум.
Така директни и духовити, тргнаа од коментарот на Сара дека нештата за Диме допрва доаѓаат, а тој заврши со коментар за уште едно дете, само Сара да раѓа.
Еве го нивниот разговор кој изнасмеа многумина.