Во далечната 1984 година, односно пред 34 години се емитуваше мега филмскиот хит „Терминатор“ во кој глумеа Арнолд Шварценегер како Терминаторот и Линда Хамилтон како Сара Конор .
Сега тие повторно снимаат заеднио на шестото продолжение кое започна да се снима годинава во месец јуни. По повод роденденот на актерката која денес има 62 години Арнолд напиша:
– Среќен роденден на мојата драга пријателка Линда Хамилтон. Таа е една од моите омилени колешки, прекрасно суштество. Возбуден сум што повторно сме заедно“, напиша актерот.
Happy birthday to my dear friend Linda Hamilton. One of my favorite co-stars, a true badass, and a wonderful human being. I’m pumped to be back together again. pic.twitter.com/jTaBLQK2qv
— Arnold (@Schwarzenegger) September 26, 2018
Новото продолжение на овој филмски хит се очекува да биде во месец ноември 2019 година.