Позната брачна двојка Сара Мејс и Димитар Атанасовски се едни од ретките парови кои не се срамат приватноста да ја споделат со јавноста. Од разно-разни случки, настани, настапи, домашната атмосфера… па се до моменти на интима, ако така можат да се наречат кампањите на познат бренд за долна облека и пижами, за кој обајцата позираа.
Сара тогаш секако во мошне впечатливо еротско издание со сиот свој раскош и сексапил иако тукушто породена не се срамеше да го покаже она со што мајката природа ја надарила, а мајчинството ја „надоградило“, додека Димитар како посилна половина без кој оваа секси кампања не би била целосна, заврши само по боксерки.
Не мина долго време стигна нова понуда за реклама… Од истиот бренд, кај истите луѓе… Или барем засега, само кај понежната половина. На прашањето: „Кажи дали понудата важи“?, Сара со обете раце ја прифати, зашто овој пат имаше причина повеќе со 10 килограми помалку, да го стори тоа. Без дилеми, стравови, двоумење, неизвесност… зашто пејачката и харфистка сега во прогрес со самодовербата и регрес со килажата, како што самата вели, комплетно уживала во пролетната фотосесија. Со љубов на прв поглед во зелениот еротски комлет што го носи и еротско-диететска брачна преписка со сопругот Димитар!
View this post on Instagram
Сара Мејс задоволна и од себе и она што го носи на себе, од комплетниот свој изглед сподели интресен статус покрај фотографијата на која навистина изгледа убаво, привлечно, заводливо и возбудливо:
„Прв пат кога сликавме не ми беше баш сеедно искрено…. Малце бев оптеретена со мисли од типот на: “Вовлечи стомак” , “Леле свадбаркиве од рацеве да не се познаваат ако може” , па укочи се во поза (во која пак криеш нешто) и сл…
После некој месец ми се јавија пак за колекција пролет. Си викам, ова е тоа. Ќе се предизвикам сама себе. Колку кила уствари јас стварно сакам да тежам?
Со колку кила мислам дека можам да се носам без притоа да ме пуштаат кукови и да ме боли кичма?
Колку кила минус за лабаво трчкање низ дома со дете во рака, трчкање низ животов со количка во друга рака и сл?
И колку кила за да си се свиѓам ЈАС на СЕБЕ во сите изданија?
Колку за ПРОГРЕС?
Пролетнава сесија ЈА УЖИВАВ КОМПЛЕТНО.
Со -10 кг И знаете што? Скроз е друго кога си внесена во уживање! Промена за СЕБЕ.
А кога сме веќе кај ‘комплетниве’ работи, ве молам пажња за овој моќен зелен комплет од најновата колекција пролет/лето ’23. Го видов и знаев дека е Мој. Толку беше. Љубов на прв поглед“ – напишала русокосата убавица во постот покрај фотографијата.
Веројатно „не би бил жив“ ако не искоментира, па на тоа Димитар и реплицирал:
„Престани да слабееш, ќе се напрајш ко за танц со ѕвездите, коски и кожа, пак ќе треба на чипсови диета да се враќаме“, на што Сара „процедурално“ му возвратила: „Извини вака, ама мислам дека не си у право“!
И веројатно таа е во право. Дали од љубомора што овој пат е изоставен, па го нема до неа, дали од чиста забава, Димитар се обиде да ја „чепне“, ама по се’ изгледа дека неговиот „танц на зборовите“ овој пат е погрешен, поточно контрадикторен.
Зашто токму на споменатото МТВ шоу – „Танцот со ѕвездите“ Димитар „загриза“ на Сара, па љубовта пламна и подоцна прерасна во нешто многу повеќе. Затоа и никако не може да тврди дека „току слаба Сара“ не му се допаѓа. Да не беше мераклија на „коски и кожа“, денес немаш да бидат она што се – среќна брачна двојка со две дечиња или сите заедно прекрасно семејство.
Или можеби водителот и маркетинг менаџер во меѓувреме го сменил вкусот – во „балкански“: „Подобро да те лула, отколку да те жуља“, па сега дели примедби?
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм принтскрин/dimitaratanasovski_/sarahmace__