Сара Мејс и нејзиниот сопруг, водителот Димитар Атанасовски неодамна станаа родители на нивното прво дете односно ќерката Илина.
Набргу по породувањето, Сара се врати на своите активности и ангажмани, а своето слободно време го поминува со ќерката и сопругот.
Така во зимскиот период, парот издвои време да направи прошетка на Козјак, но Сара и Димитар исто така најдоа време за себе, па го посетија и Копаоник.
Родителството ги менува луѓето и преоритетите, па така Сара и Димитар се прилагодуваат на потребите на Илина.
Тие секој момент го поминуваат со својата најмила и уживаат во нејзините први месеци.
Секако обврските се поделени, некогаш ја чува татко, а некогаш мама.
Парот често знае на социјалните мрежи да сподели фотографии од својата ќерка, па така и беше овој пат.
Сара на „Инстаграм стори“ сподели фотографија заедно со сопругот, Илина и уште едно бебе, а во описот праша:
„Второ ни стои?“ праша пејачката.
Дали Сара и Димитар ќе поработат на случајот Илина да добие братче или сестричка времето ќе покаже.