Популарната серија „Sex and the City“ добива продолжение, но овој пат без Саманта Џонс или актерката Ким Катрал.
Новата мини серија насловена „And Just Like That“ ќе ги следи Кери Бредшо, Миранда Хобс и Шарлот Јорк низ нивното патување во 50-тите години од животот.
View this post on Instagram
Шоуто ќе се состои од 10 епизоди по 30 минути. Ѕирнете во првите инсерти кои ги објави Сара Џесика Пркер на својот Инстаграм профил.
Љубителите на серијата сигурно со нетрпение ги очекуваат новите епизоди кои ќе започнат да се снимаат на пролет во Њујорк, најавува HBO.
View this post on Instagram