Во последните неколку денови актуелно во медиумите, барем кога се работи за регионалната естрада е дисквалифувањето на Вања Кнежевиќ од „Ѕвездите на Гранд“.
Имено, во емисијата во која таа настапуваше доби жестоки критики од Јелена Карлеуша која истакна дека изгледа облечена како тетка.
Неколку дена по емитувањето на нејзиниот настап, Вања во кратките приказни на „Инстаграм“ реобјави објави на кои се упатени тешки зборови и навреди за Карлеуша од страна на фанови на Вања.
По ова објава, Карлеуша побарала да се дисквалификува „Ѕвездата на Гранд“ што тоа и беше направено.
По нејзино дисквалифување, на социјалните мрежи изминатите денови се водеше војна меѓу Вања и Карлеуша.
По тој повод, пред некој ден се огласи и македонската кандидатка Сања Тодоровиќ која исто така неодамна доби негативни критки од жирито.
Имено, на „Инстаграм стори“ таа истакна дека добила многу пораки, но има само едно да каже.
Таа прво го објави видеото во кое Ѓорѓе Давид и вели дека е недозволиво на нејзините години да изгледа како што изгледа.
Потоа, Сања напиша:
„Да, и ние кандидатите сме нечии деца. Само нашите родители немаат моќ на дисквалфикација, но имаат моќ да не прегрнат и да ни ги избришат солзите“, напиша Сања.
Потсетуваме, Тодоровиќ доби многу критки поради вишокот на килограми. Таа испадна од „Ѕвездите на Гранд“.