Радио Милева
живејте го секој миг...

Сања Савевска со двојна новогодошни честитка: Водителката на „Брза кујна“ и колективно и самостојно ви посакува се’ најубаво (ФОТО)

Сања Савевска со двојна новогодошни честитка: Водителката на „Брза кујна“ и колективно и самостојно ви посакува се’ најубаво (ФОТО)

Од Новата Година не делат часови, се бројат минутите кога на полноќ ќе се поклопат стрелките на часовникот и сите ќе си посакаме поубава и посреќна иднина и исполнување на желбите, со новогодишна честитка до најблиските, најмилите, најсаканите, но и сите останати… Мигови кога љубовта најмногу се шири насекаде околу нас.

Но пред да чукне тој час, збидејќи не можема на сите што сакаме во истиот миг да им честитаме, честитките исполнети со најубави желби се испраќаат многу порано,. Некогаш порано, во вид на пишани честитки по пошта, денес во време на напредокот на технологијата и нивната појава – преку социјалните мрежи.

Честитаат сите и обичните луѓе и јавните личности и познатите и популарни лица и славните фаци…!

И кога сме веќе кај популарноста, кулинарското шоу „Брза кујна“ со шеф Марк и шеф Никола е секако едно од најгледаните и најпопуларните емиси од ваков виид кај нас, а неговата последна водителка Сања Савевска се покажа како најшармантната во фелата за ваков тип програма.

Токму таа, преку социјалните мрежи посака на сите свои блиски и драги лица, но и на сите останати даим испрати дури две новогодишни честитки. Една заедничка или колективна со нејзините кулинарски шефови Марк и Никола и една соло.

„Празници се ближат, а ние супер празнично расположени.
И бидејќи сме Брза кујна , ќе побрзаме тројцата заедно да ви посакаме среќни и весели празници.

Под број 1 : Бидете ни живи и здрави !
Под број 2, а може и тоа да биде под број 1:  Сакајте се мнооогу , ширете љубов и почитувајте ги луѓето околу вас.
Под број 3 : Бидете успешни во се што работите.

И никогаш не пропуштајте да го гледате најдоброто и незаменливо кулинарско шоу Брза Кујна , ние и понатаму ќе бидеме вашиот вистински избор за одлична забава и нови и брзи рецепти за вкусни јадења
Ви благодариме што сте секој ден заедно со нас, и што веќе 7 сезони ја имаме вашата доверба и внимание“ – напишала водителката во групната честитка од „Брза кујна“.

А онаа, нејзината честитка, е многу повеќе лична, поемотивна… но сепак универзална и се однесува на сите нас и нашите најблиски.

„Само неколку мигови не делат до нова година и нова шанса за убави почетоци.
Сигурно имате многу желби , помали и поголеми. Ќе ви посакам сите да ви се остварат , но за тоа ќе треба да го дадете максимумот од себеси,затоа што ништо само од себе не се случува, за се треба многу труд , а желба без труд е пуста желба, затоа засукајте ги ракавите и во 2022 храбро кон целта. Колку и да е тешко и мачно, никогаш не се откажувајте од своите соништа и желби.
Животот е составен од солзи и насмевки , но вие смејте се,и тоа многу и секогаш. Заборавете се што ви згрешиле, заборавете колку ве повредиле, простете им на сите и простете си себеси затоа што сте им верувале.
И не барајте многу, затоа што среќата е во малите нешта. Среќата е во новото утро , во топлите прегратки , во нежните зборови.
Не барајте да ви се восхитуваат непознати лица за вас, гледајте тие најблиските до вас да се восхитуваат на напорот и времето кое го одвојувате за нив.
Не трчајте по моќ , трчајте кон прегратките на најблиските, затоа што таму е сиот Ваш свет и се за што вреди да се живее !

Во добро здравје, со многу искрена љубов, живејте го секој миг“ –  порачува водителката во својата сопствена новогодишна честитка во која има многу животна вистина!

Среќна Нова 2022 година!

Останати вести од Радио Милева