Радио Милева совет до себе си...

Сања Сани Гроздановска се преиспита, па сфати каде се зафркнала: Погрешна доза, памет за друг пат и… кафено лажиче секогаш при рака! 

Сања Сани Гроздановска се преиспита, па сфати каде се зафркнала: Погрешна доза, памет за друг пат и… кафено лажиче секогаш при рака! 

„Ех, да можам да се вратам назад во минатотото, да можам да го вратам времето, ех да ми е овој памет, а оние години…“ – се едни од најизустените  крилатици или флоскули што речиси секојдневно сите ние ги повторуваме.  Од носталгија по минатото, по убавите стари добри времиња, или како апсолвирано искуство кое заради неискуство сме го доживеале, „погрешно“ постапиле или  поразлично направиле, а требало поинаку!  Или што би рекле: „На грешките се учиме“, ама најскапо се плаќаат оние – сопствените!

А кога веќе скапо ќе ја платиш цената, барем извлечи ја поуката за грешката да не ти се повтори… Зашто повторувањето е мајка на знаењето, ама само за оние што знаат како, а за оние што не знаат, е во најмала рака,  „мајка на пропаста“! Зашто перманентно повторените грешки повеќе не се случајност, туку стануваат „стил на живот“… Но, не онаков, каков што сте си го замислувале и посакувале, напротив – пеколно спротивно од тоа!

Затоа сите ние ако веќе грешиме, ( а безгрешни нема), посакуваме барем на грешките да учиме! И секако, да можеме да се вратиме во минатото и да си дадеме себе си некој совет… Ама за жал, совет – ДА, но само за во иднина!

Токму оваа тема деновиве ја апсолвираше македонската фолкерка Сања Сани Гроздановска... Што би било кога би било, односно кога би можела да се врати во минатото, каков совет „со овој памет сега“, тогаш би си дала?

И и на пејачката текна… Од прва. Сани укапира дека проблемот за сите недоразбирања бил во погрешните „дозирања“! Не е во прашање ни грешна дијагноза, ниту лоша поза, туку „погрешна доза“. Наместо со кафено лажиче, со кутлача… И ете ти ги сте проблеми, превирања и недоразбирања!

Значи: Со лажиче , а не со кутлача… Се разбира ако веќе мораш да го „конзумираш“ она што и баш не е за конзумација во секоја ситуација!

Како и да е, „после ‘онадуење’ нема каење“ – вели  една урбана поговорка. Ама затоа има – памет за друг пат… И кафено лажиче, секогаш при рака!

Фото: Инстаграм принтскрин/sani.grozdanovskasanja

 

To top