Радио Милева поглед на зајдисонце

Сања Ристеска и ова лето покажа раскошна телесна убавина: Погледот одзади на македонската фолкерка за секој вистински маж е многу повозбудлив од летниот пејсаж (ФОТО)

Сања Ристеска и ова лето покажа раскошна телесна убавина: Погледот одзади на македонската фолкерка за секој вистински маж е многу повозбудлив од летниот пејсаж (ФОТО)

Македонската фолкерка Сања Ристеска и ова лето остана достојна да ја сподели својата телесна убавина. Годинава карантини, протоколи, забрани… немаше, па затоа русокосата убавица и тоа како имаше што да покаже.

Најдоброто од себе кога е во прашање телесниот раскош, атрактивната прилепчанка секако го покажа на плажа, па го сподели на социјалните мрежи. Расна, стројна, бујна, во снагата и телесните атрибути и однапред и особено одзади, Сања „од папучи ги извади“ нејзините следбеници на социјалните мрежи со споделените бикини летни фотографии.

Иако не е прв пат пејачката да му го „помати умот“ на машкиот свет, со своите разголени секси фотографии на Интернет, сепак овој пат Сања со стил го сподели својот сексапил.

Неодоливо привлечна и пожелна, својата расна телесна убавина фолкерката ја вкомпонирала во летниот пејсаж… Плажа, вода, зајдисонце… и русокоса убавица со извајана обла задница, ем ќе му го „освежи“, ем долго ќе му го задржи погледот на секој вистински маж…

Зашто погледот одзади на македонската фолкерка за секој вистински маж е многу повозбудлив од летниот пејсаж! Сања тоа очигледно добро го знае, па дава се од себе, да го истакне најдоброто на себе!

А вие, полека, внимателно… Додека го гледате залезот на сонцето од задна перспектива на прилепската убавица, внимавајте да не „зајдете“ од возбуда!

Фото: Фејсбук принтскрин/Sanja Risteska

To top