Сопругата на Слаткар, некогашна водителка и мис на Македонија, Сања Николиќ Маринковиќ, важи за дама која го претпочита природниот изглед и кежуал изгледот.
Сања е активна на својот Инстргам, а меѓу поновите објави во домашен амбиент, Сања реши да им покаже на своеите следбеници дека одлично се носи со самодовербата и она што е.
Имено, таа објави фотографија на која е во спортска гардероба во домашно издание и без грам шминка на себе.
Во описот дополни дека денес е денот без шминка, но и тоа дека гордо ги носи своите пеги.
Сања покажа дека она по кое сме специфични, треба да го истакнеме и да бидеме верни на себе, а не на она што не сме или го сокриваме.