Радио Милева

Сања Николиќ ја покажа празничната декорација во домот која е како ниедна друга (фото)

Сања Николиќ ја покажа празничната декорација во домот која е како ниедна друга (фото)

Празничните декорации во овој зимски период најчесто ги оставаме да стојат до Василица, а потоа повторно се пакуваат за на крајот на годината повторно да го заземат своето место во домот.

Како по некое непишано правило уште од почетокот на месец декември на социјалните мрежи осамнуваат најмногу фотографии од новогодишните елки, декорацијата низ домот, потоа бадниковата трпеза и сл.

Многумина од познатите веќе покажаа каков е нивниот празничен домашен амбиент, а сопругата на Слатар, Сања Николиќ Маринковиќ, со мало задоцнување за разлика од останатите ја покажа својата едноставна ѕвездена магија во домот.

Сања предку кусите Инстаграм приказни на следбениците им покажа дека го сака минимализмот и едноставноста, па во својот дом како декорација има закечено само големи ѕвезди на прозорците.

-Опкружена со ѕвезди, напшуа таа.

Едноставно ама впечатливо, нели?

фото:инстаграм

To top