Радио Милева пријатели засекогаш

Сања Маринковиќ по разводот, последните недели од 2020 ги минува во Дубаи: Водителката во друштво на човекот кого сите го обожуваа, а оддамна го нема на ТВ екраните (ФОТО)

Сања Маринковиќ по разводот, последните недели од 2020 ги минува во Дубаи: Водителката во друштво на човекот кого сите го обожуваа, а оддамна го нема на ТВ екраните (ФОТО)

Водителката Сања Маринковиќ одлучи последната недела од 2020 година да ја помине во Дубаи. Таму се дружи со нејзиниот колега Иван Зељковиќ, кој со години живее во Обединетите Арапски Емирати.

„Зека и јас се знаеме од 2004 година, кога двајцата бевме прогласени за ТВ личности на годината. Во тоа време, тој го водеше квизот „Кој сака да стане милионер“, а јас, се разбира, „Магазин Ин“. Тоа наше познанство беше некако многу површно, кратко. Неодамна кога евоциравме спомени ми рече дека тогаш сум го изненадила со мојот темперамент и непосредноста“, рече Сања.

„Со текот на времето, кога дојдов на одмор во Дубаи, а Зека продолжи да ја гради својата кариера и да бара среќа во Дубаи со своето семејство, ние останавме во контакт. Оттогаш, секогаш кога ќе дојдам во Дубаи, ќе му се јавам.

„Нашите деца се дружат затоа што Зека е благородна личност која го споделува своето знаење, со оглед на тоа што е тука на изворот на информации, и може многу да ми помогне. Имав можност да присуствувам на неговиот концерт, тој тука има свој бенд кој организира концерти и одлично си поминав“, рече Маринковиќ, која неодамна се разведе од сопругот Александар Ухрин.

To top