Радио Милева кој  „ја боцна“ Барбика и со каква вакцина?

Сања Цинцева – Барбика своите сексуални маки за време на пандемијата ги преточи во песна и видео: Инспирирана или душа напатена, апстинирана во… „Ковид и секс“ (ФОТО)

Сања Цинцева – Барбика своите сексуални маки за време на пандемијата ги преточи во песна и видео: Инспирирана или душа напатена, апстинирана во… „Ковид и секс“ (ФОТО)

Македонската фолк пејачка Сања Цинцева – Барбика деновиве беше одново активна. Имено, атрактивната струмичанка го приврши снимањето на  видеото за новата песна која што носи интересен наслов – „Ковид и секс“.

Приказната во рефренот е автобиографска на самата Сања, а идејата ја добила изминатава година додека траеше пандемијата со коронавирусот. Инспирирана или душа напатена апстинирана, ќе дознаете наскоро, штом песната и видеото ќе бидат промовирани во јавноста. Судејќи според насловот, а и познавајќи ја фолкерката, онака млада, стројна, сексапилна, згодна, неопходна… ќе да се во прашање „сексуални маки големи“, како во ковид епидемија, без секс? Или можеби се работи за нешто друго, што само асоцира на насловот на песната?

„Брз, динамичен и несекојдневен рефрен. Тоа е она што можам да го кажам за „Ковид и секс“. Наскоро следува премиера и се надевам дека на публиката ќе и се допадне нашиот финален производ“, – едвај нешто малку открива сексапилната Сања.

Инаку, песната ја реализирале Борче Нечовски и Дејан Момировски, двоецот кој што ги потпишува сите големи хитови на пејачката.

Кадрите за видеото веќе се снимени, зад режисерската палка стои Дарио Јанковиќ, а во улога на доктор во спотот се појавува манекенот Димче Димчевски.

Последно нешто што слушнавме од Сања беше темата на српски јазик „Доказ“, а големо внимание привлече и видеото за „Барбика кралица“, дуетската песна која што ја сними со кралот на трубата – Џамбо Агушев, но „Ковид и секс“ е очигледно нешто сосема друго.

 

Кој  „ја боцна“ Барбика и со каква „вакцина“, ќе дознаете во блиска иднина!?

 

 

To top