Фолк пејачката Сања Барбика летото го минува бурно, што на настапи, што на плажа, а и луда забава по дискотеки низ земјава и регионот.
Атрактивната пејачка која сега од русокоси премина во бринета, тешко би ја препознале од порано, но она што го задржа за себе е ведриот дух секогаш отворен за забава и незаборавни моменти.
Барбика е доста активен корисник на социјалната мрежа Инстаграм, а деновиве ги пополни кусите приказни со една несекојдневна случка која таа ја доживеа во еден ноќен клуб.

Па така, додека со другарката се забавуваа на подиумот и ги привлекуваа погледите, поради некоја причина засега непозната, фолкерката заврши со лисици на рацете, по што го молеше обезбедувањето да ја ослободи.



Но, лицето задолжено за ред и мир и се закани дури и со пендрекот…

Зошто и каква била прилчината, не знаеме, но Сања Барбика знае најдобро дали сакаше да привлече внимание, па направи договор и атракција среде дискотека со обезбедувањето и ги заскокотка социјалните мрежи.

Дека и било забавно е очигледно поради неколкуте „смајли“ икони во објавата.