Радио Милева Само што се породи, а веќе е „авион“

Сани вака се мотивира себе си и другите за витка линија и топ форма: Која прва да му се качи? (ВИДЕО)

Сани вака се мотивира себе си и другите за витка линија и топ форма: Која прва да му се качи? (ВИДЕО)

Македонската фолкерка Сани Гроздановска иако неодамна се породи, штом бебето наполни 40 дена, таа веднаш се фати за микрофонот и му се врати на пеењето.

Пејачката веднаш можеше да си дозволи да настапува по локалите и ноќните клубови, зашто за експресно кусо време таа се врати во топ форма, а линијата на телото ги доведе во нормала… и повеќе од тоа! Сани преку ноќ од мајка-родилка, се трансформираше во „авион“ и сите чудејќи се прашуваа како и успеало?

Од каде поривот, како се мотивирала веднаш да се стегне да вежба?

Затоа фолкерката, за да не мора поединечно секому да објаснува: што, од каде и како… постираше едно интересно видео на својот Фејсбук профил.

Видео кое ќе ги мотивира сите жени, а Бога ми и мажи да се фатат за вежбање… Оти има и зошто. Мотивот е повеќе од голем! Погледнете го видеото…

Добро, можеби ваква технологија кај нас немаме, ама велосипеди што вртат во место за во теретана – имаме на претек! Локации од Скопје 2014 – колку сакаш, останува само „мотивот“…

Ама идејата на Сани може да се усоврши и надгради… па место холограм, нашиот стриптизер или стриптизета да не бидат виртуелни туку живи! Па да видиш што е „мотивација“! Е дури тогаш не ќе може до велосипед да се дојде! Има да биде тепачка, која прва да му се качи… На велосипедот, се разбира!

To top