Македонската фолк пејачка Сања Сани Гроздановска се омажи за својот свршеник Мартин, со кого неодамна покрај ќеркичката од првиот брак, ја доби и малата Ева! Пејачката чекаше новороденчето да наполни 40 дена, па реши да и се врати на работата!
Ама пред одново да се фати за микрофонот, Сани отиде на естетски подготовки: маникир-педикир, нови нокти… До душа освен што ја слушаат и уживаат во нејзината песна, со оглед на тоа, какви атрибути Сани поседува, ретко кој ја гледа во микрофонот!
Ама како микрофонот го држи в рака и тоа во висина на деколтето, понекогаш погледите можат да заталкаат…
И не само машките! Оние, женските се поопасни! Зашто машките погледи, најчесто завршуваат само со колективна желба и бујни фантазии, ама оние женските… Тие како по правило завршуваат со озборување.
Или сега, во ова модерно доба, со по некоја папарацо мобилна фотографија на социјалните мрежи и коментари од типот: „Види ја, какви и се ноктите…“!
Затоа Сани се упати… на обновување! На репарација за блескава презентација по излегувањето од домот и повторното фаќањето за микрофонот!
Она што не може да го направи сама, има кој може… да ја претвори во вистинска дама. Барем кога се ноктите во прашање!
Патем, не само заради настапите… Бременоста мина, па Сани сега може одново посилно да загребе… и по дома!