Пејачката Сања Сани Гроздановска има повеќе од успешна кариера и чудна животна тактика. Секогаш кога ќе се соочи со некој проблем или препрека, веднаш се повикува на своите 7 добри или ако сакате, „златни правла“ со кои си ја подига самодовербата!
Па дури и кога не е проблемот така горлив, туку се работи за обична „рекла – казала“, Сани се држи за правилто број 1 без посебно возбудување: „Не слушај озборување“.
Кога сака да си турка нешто по свое, била или не во право, веднаш го додава и второто: „Игнорирај што зборуваат другите за тебе“… Или народски кажано: Другите кој ги… врти!
А, Сани е токму позната што животот си го турка онаа како што сака и како неа и одговара, автоматски применувајќи го и четвртото правило: „Креирај го животот по свое“! Иако можеби креацијата секогаш не е бајка, па засега Сани во животот е на… „трета мајка“!
До душа, животот не дека цело време ја галел и милувал, напротив, на моменти ја шибал и повеќе од што треба, па иако е мајка која е самохрана, не отстапува од правилото број 4: „Секогаш гледај на добрата страна“!
Родителите и роднините не можеш да ги бираш, ама пријателите и соработниците би било пожелно. Затоа Сани цврсто се држи за 5-ото правило: „Дружи се со позитивни луѓе“. Освен ако не се, скраја да е, Хив или Ковид позитини!
Дека смеењето е половина здравје кажуваат и лекарите. Затоа пејачката решила смеењето што повеќе да го практикува, вметнато како 6-то од нејзините добри правила. Па кој последен се смее или најслатко се смее, или ќе остане… „насмеан“!
Минатото не може да се врати, се’ додека не измислат временска машина, тоа е барем познато, па затоа Сани практикувајќи го 7-мото добро правило, решила да не живее во своето минато. Тоа што поминало, поминало, пушти го… – вели правилото, па пејачката така и се однесува за да биде повесела, порасположена и посреќна!
Арно ама, правила, како правила, секогаш имаат исклучоци… Особено ако исклучокот се’ почесто почнува да станува правило, како што е тоа случајот кај Сани!
Тогаш тој станува правило број 8, што ги фрла во сенка сите други седум!
А како и не би, кога во тие моменти се чувствуваш како кога сите коцки ќе ти се наместат, па на сите други правила најмногу забораваш да се навратиш, кога има добар бакшиш!
Тогаш на Сани самодовербата и најголема, па и отстапката од секое правило е помалку дозволена!
Фото: Инстаграм принтскрин/sani.grozdanovskasanja