Радио Милева „црн хумор“ или...?

Сани Гроздановска со новиот „Тик – Ток“ предизвика шок: „Купи ми мајко нож…“ (ВИДЕО)

Сани Гроздановска со новиот „Тик – Ток“ предизвика шок: „Купи ми мајко нож…“ (ВИДЕО)

Изолацијата на сите различно делува… на некои карантинаот им го крева адреналинот, на дамите во плафон им удираат хормоните, други се креативни и инвентивни, некои се фрлија на домаќинлук, трети на рекреација… Како и да е, секој(а) има своја карантинска приказна, а многумиона од нив истите неретко ги споделуваат со јавноста преку социјалните мрежи, како главна алатка за меѓусебна комуникација додека сме во изолација!

Меѓу сите „погодени“ од пандемијата, меѓу најпогодените – естрадата! Онлајн држеа концерти, пееја, свиреа, танцуваа, правеа бендови и разно-разни „бенд-ејдови“ на далечина, ама чекајќи „сонцето пак да изгрее“, почнаа „да се сончаат и на месечина“.  Фигуративно, се разбира, зашто „принудната робија“ не се издржува, па во  „домашниот притвор“ во 4 ѕида сешто ти паѓа на ум… Кој колку го има, секако!

Нејсе, една од оние што не можат да седат мирно и во нормални услови, а камо ли во изолација е и темпераментната фолкерка Сани Гроздановска. Таа е една од оние што во карантин проба речиси се’ од погоре наведеното. Последното нешто во што Сани се проба, беше популарната апликација „Тик Ток“.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/i-sani-se-proba-na-tik-tok-ama-od-bujnoto-i-dlaboko-dekolte-drugo-i-ne-beshe-vazno-foto/

И само ден-два по нејзиниот „Тик ток“, следуваше нов шок! Овој пат сериозен. Човек длабоко да се замисли, особено ако си човек кој со неа живее!

„Купи ми мајко нож…“ – пее Сани додека онака страсно ја сецка краставицата… А дека ножот не и е само за сечкање краставици, ќе слушнете во песната на најновиот „Тик Ток“ со кој фолкерката навистина предизвика шок!  Кај сите, освен кај колегата и нејзин добар пријател, клавијатуристот со кого  заедно настапуваше, Трајче Толевски… Тој долго време ја познава, па нему очигледно, оддамна му е се’ јасно.

Затоа музичарот место коментар, споделил само неколку емотикони покрај „Тик – Ток“ видеото на колешката… Од комбиња за брза помош и полициски возила! Како свој став и мислење!

Без оглед што сето ова е само шега, а мора да признаете, Сани навистина има смисол за… „црн хумор!“ Освен ако не верувате дека е точно она што го велат: „Во секоја шега – има половина вистина!“

To top