Радио Милева
на фолкерката „и ја земаа мерката“

Сани Гроздановска си го бараше, па си го доби… своето второ јас: Копија со тапија, подобра и од оригиналот! (ВИДЕО)

Сани Гроздановска си го бараше, па си го доби… своето второ јас: Копија со тапија, подобра и од оригиналот! (ВИДЕО)

Кога по сила на нештата си долго време затворен дома, кога со месеци ќе останеш без работа, ќе ги пробаш сите можни и неможни работи што никогаш претходно не си имал време да ги правиш, па за да ти мине времето на памет ти паѓаат невозмозможни нешта. Особено ако си естраден уметник, кого ем околностите, ем аматеризмот на властите безмалку од естраден, ќе го претворат во страден уметник!

Така е со речиси целата естрада која со месеци живее „грицкајќи ја“ заштедата од минатиот труд или на туѓ грб на некој од останатите членови на семејството. Но, бидејќи духот не смее да клоне,  оптимизмот не смее да не напушти, а надежта последна умира, фолк пејачката Сања Сани Гроздановска и нејзиниот колега и постојан партнер за шеги, музичарот и скопски угостител Трајче Толевски, решија во овие тмурни времиња уште еднаш „да не умрат“ од смеење.

Познати како меѓусебна мета за шеговити прпукувања на сметка на другиот, фолкерите одново најдоа начин како да ја разбијат сопствената монотонија, а при тоа да ги забавуваат и себе си и другите. Ако не од полна кафеана со гости, тогаш онлајн, преку социјалните мрежи со нова шега!

Имено, Сани прва ја започна „закачката“ со нова „јадачка“ кон колегата, со тоа што на Трајче му постави нов предизвик: Да ја имитира пејачката, со „скромен“ изговор дека „не е прв што сака да биде како неа“!?

Арно ама, бидејќи како него мајка веќе не раѓа, на „скопскиот боем“ не треба двапати да му се каже, па како проверен и искусен трагач по возбуди, не чекаше предизвикот сам да му дојде, туку тој му тргна во пресрет. Соодветна гардероба од проѕирна црна тантела, налик на онаа што Сани често ја носи, перика со долги коси, кармин на усните, сончеви очила и копијата за миг се преточила во оригиналот!

Како засилување повикана екипата од неговата група „Скопски боеми“, за впечатокот да биде што посилен, а имитацијата да собере што повеќе поени, во очите на оние што ќе ја видат! Предизвикот прифатен, перформансот прекрасен, па музичарот за миг се преобрази во пејачката… Сани Гроздановска си го бараше, па си го доби… своето второ јас: Копија со тапија, подобра и од оригиналот!

„Од малечок сум сакал да сум како тебе… Го прифатив предизвикот , но тоа не е се’…“ – напишал Трајче покрај споделеното шеговито видео. А Сани?

Откако на фолкерката верно „и ја земаа мерката“, виде – невиде, мораше тоа и  самата јавно да го признае: „Не е прв што сака да биде како мене, ама најуспешен е!“

Чесно и поштено, зашто знаете како велат: „Кој признава, половина му се… додава“!!!

Останати вести од Радио Милева