Велат, секој од нас има своја судбина одредена од Бога, ама има и свој ангел – чувар кој го чува и заштитува во моментите кога истата таа судбина ќе сака да си поигра со неговиот живот!
И колку и да се ова само прикаски и празни верувања, всушност многупати се покажало дека и не е баш така, дека сепак има нешто таму горе, или некој кој ви седи на левото раме и будно бдее над вас… Нешто чудно, необјасниво, ама сепак го има…!
Го имаме сите ние, го има и таа, ама… фолк пејачката Сани Гроздановска по се’ изгледа има пех со својот ангел – чувар. А, изгледа и тој има пех со неа, зашто и едниот и другиот се во хаос. Или поточно едниот е во хаос, зашто другиот е хаос!
Атрактивната фолкерка тоа и самата си го призна, па сликовито се обиде да го објасни на својот „Инстаграм стори“. Имено, Сани призна една голема вистина: „Не правам јас хаос… јас сум хаосот“ – постираше пејачката.
А, сиротиот нејзин ангел – чувар… што друго му преостанало освен да се пропие… кога видел кого треба да чува!
И сега можете да замислите како ли му е на оној другиот „чувар“… по дома!? Епа, кај му беше неговиот „ангел – чувар“ кога прв пат ја виде?