Радио Милева повеќе слатка, отколку опасна?

Сандра Африка запросена на настап: „Машките се плашат да ми пријдат, а не знам зошто?“ (ФОТО)

Сандра Африка запросена на настап: „Машките се плашат да ми пријдат, а не знам зошто?“ (ФОТО)

Сандра Африка важи за една од најубавите и најсексапилни пејачки на естрадната сцена, а освен што мажите воздивнуваат по неа и се радуваат штом ја здогледаат, но има ли и такви кои веднаш, без размислување би се ожениле за неа?

Сандра Африка раскажа во  „Пулсот на Србија“ како реагира на комплиментите и додворувањата на мажите и дали некогаш добила понуда за брак?

„Верувале или не,  мажите не смеат да ми пријдат, а не знам зошто? Повеќе девојки ми приоѓаат. Девојчињата се оние кои пристапуваат, мажите – не! Можеби мажите се срамат или се плашат, или девојчињата денес се послободни?! Комплиментите и пријаат на секоја убава жена,  а јас сум повеќе слатка отколку опасна“ – тврди Сандра и раскажува дали добила брачна понуда некогаш:

„Добив еднаш на на настап, и тоа ми предложија брак на креативен начин. Едно момче направи прстен од пластичниот дел од капачето за шише. Но, тоа беше на шега, се’ уште никој не ме запросил  сериозно“ – рече пејачката и потенцираше дека не е лесно да се биде сопруг на Сандра – Африка и дека сепак наскоро таа нема да се одлучи на тој чекор.

Пејачката откри и како го поминувала своето време за време на пандемијата на коронавирусот.

„Короната сите не поремети, буквално не правиме ништо. Мене ми е многу тешко, бидејќи јас сум девојка од акција. Сега  сум на море, во Црна Гора, каде најчесто пливам и пешачам, а оваа температура е совршена за мене. Не ми се допаѓа кога е премногу жешко“ – рече Сандра.

Фото: Инстаграм принтскрин/sandraafrika

To top