На естрадата очигледно тешко и паѓа седењето во изолација. Особено „ги убива“ осаменоста во 4 ѕида, а од многуте нешта што им недостасуваат, на многу од нив најмногу им фали „оној што ги гали“, милува и бакнува, знае да им угоди… и се’ друго што со тоа оди!
Веројатно затоа, Сандра Африка објави исклучително предизвикувачка карантинска фотографија, на која пејачката е максимално, дотерана „фул средена“ и нашминкана како за на концерт или за на нешто друго, а не за во карантин. Позите посебно интересни и провокативни: Сексапилната убавица лежејќи на подот, во кусо мини фустанче, со разголени и кренати нозе нагоре, ги праша своите фанови: „Што правите вие во изолација?
Што сакаше да каже „меѓу редови“, а патем и што планираше да постигне со ова сексапилното мињонче, е повеќе од јасно.
Единствено нејасно е дали Сандра Африка вака „топ скоцкана“ се спремила само за сликање или нејзините секси пози со кренати нозе, после оваа мини фотосесија имаа и „употребна вредност“?