Пејачката Сандра Африка веќе извесно време престојува во Црна Гора каде има закажано настапи во текот на летото, а постојано ги почестува своите обожаватели со жешки фотографии.
Сандра редовно ги информира своите следбеници за своите гостувања, како и за времето кое го поминува уживајќи во пловењето по Јадранското Море, а овој пат машката фантазија ја разгоре со своето минијатурно бикини, кое ја истакна нејзината фигура, додека белата боја го истакна исончаниот тен на пејачката.
Да потсетиме дека Сандра Африка важи за една од најатрактивните српски пејачки. Нејзиното неверојатно тело ја остава без здив каде и да се појави, а на нејзината совршена позадина и завидуваат многу колешки.
На јавната сцена е веќе една деценија, а оттогаш објавува само хитови, а нејзините бројни песни се неизоставен дел од секоја прослава.
Фото:принтскрин/Инстаграм/Сандра Африка