Во раните утрински часови, пејачката Сандра Африка објави провокативно селфи од бањата на својот Инстаграм профил со што и ја разбуди фантазијата на многумина.
Имено, таа позираше во сребрен фустан на прерамки и шлиц до препони во високи потпетици.Прво седната на кадата, во преден план ги истакна разголените нозе, а вниманието на сите го привлече и тетоважа на рамото.
Сепак, позите пред огледалото беа оние што ги оставија нејзините следбеници без сон, зашто на нив сексапилното мињонче покажа дека е најцицлестото „бомбонче“ на естрадата. Со погледот во огледалото, а со градите… за малку во лавабото!
Таа само им испрати бакнеж на фановите, а чии коментари беа вообичаени за изгледот на српската естрадна секс- бомба.
Инаку, пејачката Сандра Африка додека естрадата мирува заради коронапандемијата, пред неколку месеци започна нов бизнис – изградба на зграда во Шабац заедно со нејзиниот менаџер, а сега откри дека изградбата е при крај, а бизнисот со недвижнини одлично им тргнал.
Фото: Инстаграм принтскрин/sandraafrika