Радио Милева
и го превзема?

Сандра Африка ја блокираша Ивана – Ураган на социјалните мрежи: Џепната венера не можеше да поверува дека другарката и се „смувала“ со бившиот!? (ФОТО)

Сандра Африка ја блокираша Ивана – Ураган на социјалните мрежи: Џепната венера не можеше да поверува дека другарката и се „смувала“ со бившиот!?  (ФОТО)

Последните денови во јавноста започна да кружи приказна дека пејачката Ивана Николиќ, членка на групата „Ураган (Hurricane)“, е во врска со фудбалерот Владимир Волков, инаку поранешно момче на Сандра Африка.

Сега одекна веста дека „газлестата џепна венера“ поради тоа решила да ги прекине сите контакти со нејзината поранешна пријателка.

„Не можеше да поверува кога слушна дека нејзиното бившо момче се гледа и излегува со нејзината другарка. Отпрвин помисли дека се работи за кулоарско озборување, но кога ги виде нивните заеднички фотографии во медиумите, навистина се изнервира. Веднаш и го блокираше телефонот на Ивана и ги прекина сите контакти со неа“ – изјави неименуван извор близок на Сандра и додадал:


„Сандра  и се доверила на Ивана за се што имала со момчињата, а тие често го споменувале и  Волков во разговорите. Африка и рекла дека навистина била заљубена во него и дека имале бурна врска, но дека сега сето тоа е завршена приказна. Ниту на крајот на умот не и паднало дека  Ивана ќе го сфати тоа како „зелено светло“ за да се „смува“ со поранешното  момче на нејзината другарка.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/sandra-afrika-i-nejzinoto-bivsho-momche-vladimir-volkov-vo-zestoka-seks-akcija-pejachkata-i-fudbalerot-ja-demantiraat-fotografijata-koja-kruzi-na-internet-foto/

Да потсетиме, Ивана Николиќ  се огласи во врска со објавите дека е во врска со познатиот фудбалер. Јас го познавам Владимир Волков веќе неколку години, имаме заеднички пријатели и познаници. Често се среќаваме, како што се сретнавмер сега на Копаоник, каде што бевме повеќемина во исто друштво. Јас не сум во врска со Владимир, искрено немам време за врска во моментов, фокусирани сме на изборот на песна за Евровизија“ – изјави членката на групата „Ураган“.

Дали ја зборуваше вистината, а нејзината сега веќе бивша другарка Сандра – Африка напразно „се пали“ или навистина каде што има чад има и оган, набргу ќе се дознае. Како и да е, ако искрите навистина гио запалат љубовниот оган, ураганот дефинитивно ќе го оддува пријателството помеѓу двете пејачки!

 

Останати вести од Радио Милева