Пејачката Сандра Продановиќ. попозната под своето уметничко име Сандра – Африка неодамна го смени изгледот така што ги скрати своите кркми (шишки), па сега со новиот имиџ често споделува фотографии со својата фризура, од која се чини дека е многу задоволна.
Сепак, меѓу нејзините следбеници има и такви кои не ја сакаат промената што ја направи Сандра, па затоа коментарите под нејзините фотографии се контрадикторни.
И додека некои го фалат новиот имиџ на пејачката, други велат дека таа сега изгледа многу помладо, но има и такви на кои новиот изглед на Сандра-Африка не им се допаѓа.
Таа пак во меѓувреме, на своите Инстаграм приказни покрај новиот изглед, го промовираше и своето животно мото, кога се односите со партнерите во прашање… И тоа не било кои, туку интимните.
„Девојки, подобро некој нов да ве за*бе и из*бе по прв пат, отколку некој смрден бивши да ве е*е по кој знае кој пат, на иста финта… Јадно е“! – порача Африка преку своите Инстаграм приказни, во пораката која всушност и беше упатена како поддршка на колешката Љупка Стевиќ по љубовно-швалерскиот скандал што и се случи, но изгледа важи и за самата Сандра.
Епа, ако е така, тогаш… дајте друго дете! Ало, Африка, се слушаме?