Српската „џепна венера“, сексапилната Сандра-Африка деновиве замина на зимување на планина. Златибор е нејзината дестинација, каде атрактивното мињонче покажа колку е слатко „бонбонче“.
Покрај зимските играрии на снегот, надарената пејачка реши одново да ја заскокотка фантазијата на своите обожаватели и следбеници на социјалните мрежи, откако ги покажа сите свои атрибути во зимската идила.
Имено, Сандра по теркот на светските старлети, бугарските пејачки, а и српските колешки како Карлеуша, се одвезе на врв на брегот, па се соблече на снегот. И додека на другите кожата им се ежи од студот и ниските температури, пејачката гордо ги истакна своите контури, откако разголена по виолетови танга бикини одново ги покажа своите секси облини!
Качена на санката за снег или четирициклот, цицлестата убавица повторно докажа дека ја има најубавата задница. Со вака заоблено, извајно газе, ретко која друга може на естрадата да пофали, ама затоа Сандра – Африка не пропушта со своите обожаватели него да го сподели… Макар и на фотографија.
И додека атрактивната пејачка менуваше пози качена на моторната санка само по танга, околните скијачи гледаа со подзината уста без изустен збор, како Сандра – Африка го топи снегот на Златибор.
Фото:Инстаграм принтскрин/sandraafrika