Радио Милева пратете и слика, ама не ваква...

Сандра – Африка е соло и бара момче: „Инстаграмот ми е затрупан со фотографии од машки полови органи“!

Сандра – Африка е соло и бара момче: „Инстаграмот ми е затрупан со фотографии од машки полови органи“!

Сандра – Африка вели дека оддамна немала момче бидејќи и се додворуваат само ненормални мажи! Пејачката тврди дека нејзиниот Инстаграм, каде има околу 1,4 милиони следбеници е преплавен со фотографии од полови органи кои и ги испраќаат мажите.

„Кога имам слободно време, активна сум на Инстаграм, луѓето сакаат кога им одговарам на пораките… Секогаш се чудам кога ќе видам дека ми пратиле слика од нивниот полов орган, но никогаш не ги блокирам тие мажи. Само не им одговарам. Ги гледам тие голи фотографии и продолжувам“ – ја започнува приказната Сандра.

 

„Немам момче, сама сум. Ниту еден нормален маж не ми приоѓа! Не зна зошто, но сега мажите поретко ми приоѓаат, порано имав повеќе додворувачи.
„Ме олетувале и девојки. Се дистанцирам, се сликам со нив ако сакаат, и тоа е тоа. Никогаш не сум се бакнала со девојка, сакам само мажи“ – вели пејачката!

Африка неодамна се најде во центарот на вниманието на јавноста бидејќи беше снимена од екипата на  шоуто „Папарацо лов“ додека вози цик-цак, лево-десно  по автопат, откако се наводно пивна малку повеќе во емисијата „Амиџи шоу“.

„Сакам ракија! Ќе испијам две-три чаши и готова сум! Никогаш не пијам пред настап затоа што тогаш гласот ми ‘пука’. Затоа пијам само кога не работам. Кога пијам се смеам и играм и се’ ми е супер“ – вели Сандра и се правда дека не се опила во емисијата на Огњен Амиџиќ иако камерите ја снимиле неколку пати како си налева алкохол во чашата:

„Огњен има добра ракија! Јас генерално не пијам кога возам, а тогаш испив само една, можеби две чашки. Пишував пораки во автомобилот додека возев и затоа одев лево-десно, а на видеото испадна дека сум пијана!“ – се бранеше Сандра!

To top