Радио Милева
шефовска „прва помош“

Сања Савеска покажа како изгледа „готвачка брканица“ во најгледаното кулинарско шоу: Кому „му гори“ во „Брза кујна“? (ВИДЕО)

Сања Савеска покажа како изгледа „готвачка брканица“ во најгледаното кулинарско шоу: Кому „му гори“ во „Брза кујна“? (ВИДЕО)

Водителката на  „Брза кујна“, Сања Савеска, гледачите секој работен ден ја следат како домаќинка на популарното кулинарско ТВ шоу за готвење. Секогаш насмеана, позитивна, ведра и енергична пред камери, каде е заедно со шефовите Никола и Бобан на кои додека тие се во трка со времето таа им сугерира, повремено помага и најмногу објаснува и коментира, што и е и примарна улога.

Каква домаќинка е дома, дос ега никој јавно се изјаснил, пофалил, ниту пожалил, ама затоа каква е како ТВ домаќинка сите можат да видат. Водителска улога создадена „по рецепт“ како за неа, во која до сега најдобро се пронајде и најмногу „и легна“!

Од друга страна пак готвењето, особено ова „набрзина“ на двајцата шефови оддамна „им е легнато“, иако сепак понекогаш во трката со минутите кои немилосрдно течат додека тие ги подготвуваат своите специјалитети, знаат да се случат разни непредвидени случки. Смешни секако, иако на некого од нив во поедини ситуации кога „ептен ќе им загусти“ па и не им е баш до смеа.

Една таква се случи неодамна, кога во шоуто т5ечеа последните секунди, а сслаткиот сос, односно карамелизираниот шербет се уште вриеше на шпоретот. Во тркјата со времето „му вриеше“ и на еден еден од шефовите, па додека Сања ги правеше „финалното одбројување“ во целата таа „готвачка брканица“ дојде до солидарна или поточно „прва помош“ од едниот за другиот шеф. Од оној кој веќе си ја завршил работатат и беше готов со подготовката на оброкот на денот, за оној на кој „му гореше“… под нозе!

Среќа од целата таа „бркотница“ никој не излезе „попарен“ иако… малку фалеше!

Како изгледаше  „готвачката брканица“ во најгледаното кулинарско шоу и кому „му гореше“ во „Брза кујна“, покажа водителката Сања Савеска во споделеното видео на својот Инстаграм!

Фото: Инстаграм принтскрин/sanja_saveska

Останати вести од Радио Милева