Радио Милева коцкарски долгови?

Самоубиството на познатиот ракометар и српски репрезентативец Новак Бошковиќ ја шокираше јавноста (ФОТО)

Самоубиството на познатиот ракометар и српски репрезентативец Новак Бошковиќ ја шокираше јавноста (ФОТО)

Тој играше за израелскиот клуб Хапоел Ришон и беше среќно оженет со Милица, со која пред неколку месеци доби и ќерка, беше успешен ракометар, бивш репрезентативец на Србија … Зошто Новак посегна по себа се’ уште не е познато, а првите резултати од истрагата укажуваат дека наводно станува збор за коцка.

Трагедијата се случи во неделата, на 3-ти февруари околу девет часот наутро во дворот на неговиот семеен дом во војводинскиот град Црвенка. Како што пишуваат српските медиуми, Новак го зел пиштолот и ја напуштил куќата упатувајќи се кон  градината. Кратко потоа, тој се застрелал во главата и починал на самото место. Еден ден пред самоубиството дошол од Израел во Црвенка.

„Никому не му е јасно што можело да тргне наопаку. Тој имал и сè што сака, успешна кариера, добро заработил, му се исполнила неговата желба да игра за репрезентацијата на Србија, среќен брак, мала ќеркичка… Едвај чекаше да дојде од Израел за го да помине времето со семејството и пријателите. Меѓутоа, еден ден откако пристигна во Црвенка, тој се  самоуби. Никој точно не знае зошто го сторил тоа.

„Некои  споменуваат дека пред трагедијата имал расправија со мајка му и сопругата“ – вели извор од соседството на покојниот ракометар, додавајќи дека Новак имал две големи страсти – лов и комар.

„Го критикував  зашто вечерта остана во градот со неговите другари и познаници цела ноќ. Еден ден пред тоа пристигна од Израел. Знам дека беше желен за дружење, но не требеше толку долго да остане“ – изјавила мајката на ракометарот Јела В., додавајќи дека таа потоа отишла кај нејзината ќерка, но дека снаата набргу потоа и се јавила  со зборовите: “Новак отиде да се убие”.

Мајката на сопругата на Новак истрчала по него и се обидела да му го одземе оружјето, но не успеала. Набргу потоа се слушнал истрел.

To top