Радио Милева
кој фетиш и доминира?

Само Сораја може да носи вакви еротски алишта: Садо – мазо танга за „влажни сништа“ (ФОТО)

Само Сораја може да носи вакви еротски алишта: Садо – мазо танга за „влажни сништа“ (ФОТО)

Сораја Вучелиќ се соблече по необична долна облека и ги остави зачудени сите жени, а на мажите им ги разбранува фантазиите, особено на оние, кои досега не виделе вакво нешто.

Познато е дека  старлетата обожава да ја провоцира јавноста и на социјалните мрежи објавува  разголени фотографии на кои нејзините силиконски облини доаѓаат до израз.

Сораја е и голем поддржувач на фотошопот, па често не чести и со фотографии на кои нозете и се чинат бескрајно долги, носот и како да не постои, а неретко се случувало големината на градите да и го надмине и обемот на главата.

Сепак, овој пат не се работи за нејзината нова фотошоп грешка или убиствена модна креација, туку за необична долна облека каква што досега малкумина виделе.

Многумина не се сигурни за каков модел се работи, а како што можете и самите да видите, гаќичките на Сораја имаат многу необичен крој.  Садо – мазо танга за „влажни сништа“… Впрочем само силиконста старлета може да носи вакви еротски алишта.

Не знаеме дали некогаш сте виделе нешто слично, но нам ни изгледа прилично… перверзно?  И што е поважно, во нив Сораја преферира  да се фотографира за јавно да покаже, кој фетиш и доминира!

Фото: Инстаграм принтскрин/soraja.vucelic.style

Останати вести од Радио Милева