Радио Милева

Само што се венчаа, а веќе имаат проблеми: Филип и Александра се скараа на јавно место

Само што се венчаа, а веќе имаат проблеми: Филип и Александра се скараа на јавно место

Иако пред две недели се венчаа и заколнаа на вечна љубов, се појавија првите недоразбирања меѓу Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ.

Имено, тазе парот неодамна е виден како се кара пред настапот на пејачката, а причината за нивната кавга била каде ќе живеат во следниот период.

фото: Ненад Вујановиќ

Кавгата била поради тоа дали да останат да живеат во Србија или пак да заминат во Америка. Филип инсистирал некој период да заминат во Мајами и таму да продолжат да живеат, меѓутоа Александра имала други планови.

„Александра и Филип досега немаа сериозни кавги, сите проблеми ги решаваа со разговор. Сакаат така да биде и со новото недоразбирање. Филип ја следи Александра речиси на сите настапи, па така беше и овој пат. Претходните денови се водеше дебата каде треба да живеат. Филип инсистира да се вратат во Мајами, градот каде што го поминал најголемиот дел од својот живот. Меѓутоа, Александра не сака бидејќи планира да ја продолжи кариерата во досегашниот правец. Филип сака да живеат во Америка каде што ќе формираат семејство, додека пак Александра смета дека ќе и биде тешко да се раздели од нејзините најблиски,вели близок извор кој е информиран за ситуацијата и додава:

фото:рас србија

„Кога се скараа пред нејзиниот настап, Александра се налути и му порача: Те молам да ставиме крај на кавгата и утре да продолжиме, не е ни време ни место да дискутираме за тоа“, а тој ја бакна и кажа дека се ќе се реши. И се извини, а таа замина, открива изворот.

Живојиновиќ разговарале на темата и одличиле да живеат во Србија, но Филип ја замолил Александра да размисли уште еднаш. Тој сакал да заминат барем на шест месеци, ако не им се допадне да се вратат во Србија.

По кавгата, младиот пар замина на одмор во Монте Карло, а како ќе се одвиваат работите останува да видиме.

To top