Фолк пејачката Андреана Чекиќ ја изненади јавноста кога откри дека по две години брак се разведува од Иван Миладоновиќ.
Во јавноста се појавија шпекулации дека постоело изневерување и тоа е причината за нивниот развод.
Многу се шпекулираше дека пејачката е во врска со Емир Џоловиќ со кого ја сними песната „Ципеле“.
Сепак, во јавност се појавија фотографии на кои Андреана е многу блиску со еден непознат маж, па многумина претпоставуваат дека тој е нејзиниот нов партнер и дека пејачката повторно е заљубена.